Home » Избори за двајца нови членови на Судскиот совет

Избори за двајца нови членови на Судскиот совет

by Журнал.мк

Судиите на непосредни избори денеска избираат двајца нови членови на Судскиот совет.

Се избира еден член на Советот од редот на судиите од апелационо подрачје Штип и еден член на Советот од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20 проценти од населението во Република Македонија од страна на сите судии запишани во Судскиот изборен именик.

На единствената посебна листа од судиите припадници на сите заедници кои не се мнозинство за целата територија на Република Македонија има само еден кандидат, судијата Аритон Ала од Апелационен суд Скопје.

На општата листа за кандидати од апелационо подрачје Штип има пет кандидати – судијата Ацо Тасев, од Основен суд Штип, Данка Ристова, судија на Апелационен суд Штип, Мери Гичева, судија на Основен суд Штип, Невена Перица, судија на Основен суд Штип и Тони Делев, судија на Апелационен суд Штип.

Новите членови се избираат на местата на судијката Лорета Горгиева од Основниот суд Струмица и Мирсад Суроји од Основиот суд Куманово чиј шестгодишен мандат истекува на 18 декември.

Гласањето почна во 8 часот и ќе трае до 15 часот во изборните места во сите судови во земјава.

Судскиот совет го сочинуваат 15 члена, од кои осум се избираат од редовите на судиите, тројца избира Собранието и двајца членови се на предлог на претседателот на државата. Членови без право на глас се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда. Тие се избираат со мандат од шест години, со право на уште еден реизбор.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk