Избори во Словенија ќе се одржат на 24 април, соопшти денеска словенечкиот претседател Борут Пахор.
Пахор денеска ја известил Националната изборна комисија (ДВК) дека ќе го потпише претседателскиот указ за одржување на изборите во недела, на 24 април, и на 9 февруари, пренесе словенечката агенција СТА.
Пахор претходно најави дека изборите ќе се одржат што е можно поскоро, бидејќи и покрај епидемијата на коронавирус, ДВК има доволно време да ги подготви и организира изборите.
Изборите ќе бидат тест за популарноста на премиерот Јанез Јанша, во време на остри политички поделби во Словенија.