Home » Ивица Боцевски назначен за специјален претставник на Владата за унгарското претседателство со ЕУ

Ивица Боцевски назначен за специјален претставник на Владата за унгарското претседателство со ЕУ

by Журнал.мк

Назначувањето на Боцевски се случува на безмалку половина од шестмесечното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ кое почна на 1 јули, а ќе заврши на 31 декември годинава.

Ивица Боцевски излегува од политичката сенка во која беше во периодот додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција. Владата на денешната седница донела одлука за негово назначување за специјален претставник за унгарското претседателство со ЕУ.

Тоа се случува на безмалку половина од шестмесечното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ кое почна на 1 јули, а ќе заврши на 31 декември.

Политичката кариера на Боцевски е поврзана и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше дел од тимот на Минчо Јорданов додека беше вицепремиер во владата на Владо Бучковски од 2004 до 2006 година.

По доаѓањето на Никола Груевски на власт, Боцевски во одреден период е портпарол на владата, а потоа и вицепремиер за европски прашања.

По изборот на Ѓорѓе Иванов за претседател на државата тој станува негов советник, а потоа, со указ на Иванов е пратен за амбасадор во Бразил. Во последните неколку години Боцевски беше активен како колумнист и ководител на радиоемисии во кои често се критикуваше власта на СДСМ и ДУИ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More