Home » Ивановска: Претседателката на ДКСК мора веднаш да поднесе оставка бидејќи ја инфицира институцијата

Ивановска: Претседателката на ДКСК мора веднаш да поднесе оставка бидејќи ја инфицира институцијата

by Журнал.мк

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, мора веднаш да поднесе оставка од функцијата зашто сè уште ја инфицира институцијата. Ова го порача поранешната прва антикорупционерка Билјана Ивановска откако актуелната претседателка на ДКСК минатата недела се најде на листата на осомничени во случајот „Адитив“ поради оддавање службени тајни на друг обвинет во случајот.

„Претседателката на ДКСК мора под најитно да си поднесе оставка затоа што на овој начин сè уште ја инфицира институцијата, значи треба да се тргне за институцијата да може слободно да се чисти“, изјави Ивановска одговарајќи на новинарски прашања пред одржувањето на сесијата на Националната конвенција за ЕУ во РСМ посветена на борба со корупцијата.

На прашањето дали случајот со Димитровска го подрива кредибилитетот на ДКСК, Ивановска вели дека со ова несомнено им се нанел тежок удар на општеството, граѓаните и институцијата, пред сè, но дека не е момент да се седи со скрстени раце. Според Ивановска, на потег сега е законодавниот дом пред кого одговараат и претседателката и членовите на Антикорупциската комисија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk