Водителката Ивана Шопиќ е многу активна на социјалните мрежи каде редовно објавува нови фотографии. Бидејќи многу работи, гледачите често имаат можност да ја видат на малите екрани, но ја има и на нејзините профили.
Шопиќ неодамна при почетокот на новата, осма сезона на најгледаното ријалити „Елита“, објави видео и фотографиии со кои привлече големо внимание и веруваме дека многумина не останале рамнодушни на она што го виделе. Ивана позираше во елегантно, провидно златно издание украсено со различни циркони, а посебно се истакнува нејзиното деколте, во кое едвај ги збира немирните гигантски гради.
Покрај тоа, нејзината долга руса коса уште повеќе ја разубави оваа сцена. Глетката е фацинантна, дразбата – максимална, а провокацијата при презентацијата сама од себе извира… Затоа и не чуди што возбудата спонтано еруптира!
Бројот на лајкови и коментари кои следеа по објавата на Ивана покажуваат дека на луѓето навистина им се допаѓа ова нејзино секси издание, кое несомнено привлече огромно внимание. Како и секоја нова разголена поза на фаталната русокоса, за која во еден од коментарите стои: „Ау, жено, здравјето го земаш какви гради имаш“!