Home » Ивана Гиновска е нов директор на Државниот инспекторат за животна средина

Ивана Гиновска е нов директор на Државниот инспекторат за животна средина

by Журнал.мк

Ивана Гиновска од Куманово е официјално назначена за директор на Државниот инспекторат за животна средина. Гиновска е родена во Скопје во 1989 година и има магистерска диплома по економски науки, со специјалност во маркетинг менаџмент.

Своето професионално искуство го започнала како банкарски службеник, а подоцна продолжила да работи во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, како и во ЈП „Куманово паркинг“. Таа е член на Управниот одбор на заедничкото јавно претпријатие за управување со отпад „Еко Исток – Североисток“.

Во рамките на последните парламентарни избори, Гиновска беше кандидат за пратеник во изборна единица 2 на листата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Назначена е на функцијата директор од Владата, заменувајќи го досегашниот раководител Сретен Стојковски

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk