Home » Итно е затворена е база на НАТО во Германија

Итно е затворена е база на НАТО во Германија

by Журнал.мк

Базата на НАТО во Германија, во Гејленкирхен, е под опсада, поради сомнеж дека некој намерно ја загадил водата за пиење.

Базата беше затворена набргу откако касарната на Бундесверот во близина на Келн беше под опсада, исто така поради сомневање дека некој ја отрул водата за пиење.

Како што пренесува Билд, во моментов се истражува дали има проблеми со водата во базата на НАТО. Според неофицијални информации приведено е едно лице.

Базата има и своја бензинска пумпа, како и касарната во Келн, кои сега се затворени. Медиумите јавуваат дека на аеродромот на НАТО Гејленкирхен се стационирани извидувачки авиони.

Истовремено, медиумите јавуваат дека е откриена дупка во оградата во близина на касарната во Келн, каде што утрово биле извршени проверките.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More