Home » Итна седница на Советот за безбедност на ОН поради израелскиот напад на кампот со бегалци во Рафа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН поради израелскиот напад на кампот со бегалци во Рафа

by Журнал.мк

Советот за безбедност на Обединетите нации (СББ) денеска ќе одржи итна седница поради израелскиот воздушен напад што го погоди кампот за раселени лица во градот Рафа на југот од Појасот Газа и во кој, според Министерството за здравство во Појасот Газа, загинаа 45 лица.

Седницата ја побара Алжир, а ќе се одржи во 15 часот и 30 минути по њујоршко време, изјави за Си-Ен-Ен неименуван дипломат на ОН.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го осуди нападот извршен од израелската армија во неделата.

„Нема безбедно место во Газа. Овој ужас мора да престане“, рече Гутереш.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека нападот немал намера да предизвика цивилни жртви и дека инцидентот ќе биде истражен.

„Веќе евакуиравме околу милион цивили од Рафах и, и покрај нашите најдобри напори да не им наштетиме, за жал, се случи трагична грешка“, рече Нетанјаху.

Израелските одбранбени сили (ИД) претходно објавија дека извршиле прецизен напад врз комплексот на Хамас во градот Рафах, каде што се собирале високи претставници на палестинската милитантна група.

Министрите за надворешни работи на ЕУ одржаа разговори во Брисел со дипломати од Саудиска Арабија, Јордан, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Катар како дел од дипломатските напори за решение за две држави по војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека двете страни ќе разгледаат дали би можеле да ги комбинираат нивните напори за формирање заедничка конференција за тоа како да се спроведе решението за две држави.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More