6 C
Skopje
Sunday, May 9, 2021

Италијанците откриваат кој препарат може да ни помогне да го „измиеме“ Корона вирусот од устата, носот и очите

Најчитани вести

Истражувањата покажуваат дека вирусот може да се неутрализира пред да навлезе во епителот, што се јавува во рок од два дена по инфекцијата

Група истражувачи од Универзитетот во Неапол ги објави резултатите од студијата според која испирањето на устата со 3% раствор на водород, со користење на спреј за нос на база на водород и капки за очи, може да помогне во заштитата од ковид-19, пишува агенцијата Анса.

Резултатите од неаполските научници беа потврдени со експерименти направени на Универзитетот во Милано.

Експериментите покажаа дека лицата кои биле заразени, но биле асимптоматски или имале лесни симптоми на инфекција, откако ги примениле овие превентивни методи, биле негативни за Ковид-19 при повторното тестирање.

– Накратко, истражувањата покажуваат дека вирусот може да се неутрализира пред да навлезе во епителот, што се јавува во рок од два дена по инфекцијата, зајакнувајќи ја одбраната на организмот и чистејќи ја устата, носот и очите, кои се главните патишта преку кои вирусот влегува во организмот – рече Антонио Дел Прете, професор во одделот за очи на Универзитетот Федерико Втори, е за агенцијата Анса.

Оваа мерка, заснована на ефтини и достапни препарати, е ефикасна за секого како превенција, дури и кај пациенти кои имаат благи симптоми на инфекција со корона вирус.

Научниците од Неапол ги објавија резултатите од нивната работа во англиското научно списание Infection control & Hospital Epidemiology.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести