Полицајците ја нашле во нејзината куќа мртва како седи на стол во кујната. Нејзиното тело веќе поминало низ процес на „мумификација“.
Маринела Берета (70) ја продала својата куќа со градина, но доживотно го задржала закупот. Новиот сопственик, Швајцарец, очигледно не доаѓал често, па не ни знаел дека Берета е во лоша здравствена состојба, пишува Еуроњуз.
Полицијата го пронашла телото на жената по пријава на сосед. Имено, тие мислеле дека Берета одамна се иселила, а бидејќи областа ја зафатило силно невреме и соборило некои дрвја на имотот, стапиле во контакт со новиот сопственик. Швајцарецот потоа ја повикал локалната полиција која го пронашла нејзиното тело во кујната.
Полицијата претпоставува дека 70-годишната жена починала од природна смрт, односно од последиците од болеста.