Home » Италијанец (33) ненадејно почина во авион, одел со бремената сопруга на краток одмор

Италијанец (33) ненадејно почина во авион, одел со бремената сопруга на краток одмор

by Журнал.мк

Италијанецот Џузепе Стило (33) ненадејно починал во авион на „Рајанер“ кој полетал од аеродромот во Торино кон Ламеција Терме.

На Стило ненадејно му се слошило, а неговата сопруга седела во вториот ред од авионот, и на почетокот не ни знаела што се случува.

Дури кога го видела метежот на патниците и стјуардесите, скокнала од столот и стигнала до сопругот кој веќе бил мртов.

Италијанските медиуми открија дека Федерика Марела, сопругата на Џузепе, била бремена и дека заминале на краток одмор за да ги „наполнат батериите“ пред радосниот настан во куќата.

„Стјуардесите и еден патник, доктор, дадоа се од себе. Користеа дефибрилатор, беше направена и реанимација, но залудно“, изјавил еден од патниците во авионот, пренесува Дејли мејл.

Сопругата доживеала целосен шок и вечерта завршила во болница, но сите таму стравувале за животот на бебето во нејзиниот стомак, бидејќи таа е во петтиот месец од бременоста.

Таа во полиција изјавила дека нејзиниот сопруг се чувствувал лошо тоа утро, но не сакал да се откаже од летот.

Пилотот, гледајќи што се случува, веднаш го свртел авионот и го вратил на пистата во Торино.

Џузепе Стило бил страствен патник, тој уживал во пешачење и планинарење.

Сите од градот Вибо Валентина кои ја познаваат оваа млада брачна двојка останале без зборови поради трагедијата, велејќи дека Џузепе бил „душа од човек“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More