25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Истражување покажало дека вакцината е ефикасна против новиот сој на Ковид-19

Најчитани вести

Најново истражување на компанијата “Pfizer” покажало дека вакцината против коронавирусот, која е произведена од “Pfizer” i “BioNtech”, делува и на главната мутација во високо преносливиот нов сој на вирусот откриен во Велика Британија и Јужна Африка.

Се покажало дека вакцината е ефикасна во неутрализирање на вирусот со таканаречена N501Y мутација, пренесува “Reuters”. 

Истражувањето кое го направиле компанијата “Pfizer” и научниците од Универзитетот во Тексас, е направена на основа на луѓе кои биле вакцинирани, но е ограничено бидејќи не ги зема во предвид сите видови на мутација пронајдени во новиот сој на вирусот.

Еден од авторите на истражувањето, Фил Дормицер, рекол дека вакцината е ефикасна против 16 видови на мутации.

“Тоа е добра вест. Тоа не значи дека е ефикасна и против 17 мутација”, рекол Дормицер и додал дека го загрижува уште една мутација наречена E484K, пронајдена во Јужна Африка.

Како што се наведува, се планира ново слично тестирање за да се открие дали вакцината е ефикасна и против други мутации.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести