11 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Истражување на „Евротинк“: 70% од граѓаните сметаат дека членството на С. Македонија во ЕУ би било корисна работа

Најчитани вести

Најголемиот дел од граѓаните остануваат силни поддржувачи на Европската Унија (ЕУ), ова е еден од заклучоците во последното истражување на Центарот за европски стратегии „Евротинк“, наречено „Еврометар“, во кое 70.4% од испитаниците одговориле дека членството на С. Македонија во Европската Унија би било корисна работа.

Телефонската анкета која била спроведена во периодот од 10 до 21 декември годинава, на репрезентативен примерок од 1.003 испитаници, истовремено покажува и дека 67.3% од граѓаните сметаат дека членството на земјава во ЕУ е добра работа.

ека тоа може да се случи во наредните 10-15 години, додека 16% од нив сметаат дека земјава никогаш не може да очекува да влезе во унијата.

Главната причина поради која граѓаните го поддржуваат влезот на земјава во ЕУ, во најголем дел се однесуваат на подобриот животен стандард, односно, така одговориле околу 79% од испитаниците на отвореното прашање при анкетирањето. За 44% од испитаниците главната причина за поддршката на унијата е намалување на невработеноста, а 29% од нив одговориле дека главната причина е „поголема демократија“, како и „полесен пристап до работа во странство“.

Губење на националниот идентитет, односно, името, јазикот, се главните причини за одбивањето за влез во ЕУ, според 58% од граѓаните. Потоа 46% од граѓаните сметаат дека нема да се подобри ништо, додека во меѓувреме само ќе се наметнуваат дополнителни услови. Влошување на животниот стандард е главната причина за одбивањето за влез во ЕУ за 26% од граѓаните.

Истражувањето „Еврометар“ е истражување преку кое „Евротинк“ традиционално го испитува мислењето на граѓаните за прашања поврзани со евроинтеграциите и довербата на граѓаните во државните институции.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести