Никола Димитров, поранешен министер и сегашен основач на невладината „Солуција“, во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за неодамнешно истражување кое покажува дека 75% од испитаниците сметаат дека оваа власт не заслужува нов мандат.
„Во истражувањето им беше поставено прашањето на испитаниците дали Владата заслужува нов мандат? Некаде околу 75% велат не, а 65% не веруваат дека сегашната опозиција ќе ги реши проблемите“, рече Димитров.