Home » Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир

Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир

by Журнал.мк

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, информираа од Основното јавно обвинителство.

– На 9 мај, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, осомничениот по улицата “Џон Кенеди” управувал автомобил “Рено модус”, но не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и ги довел во опасност луѓето. Непочитувајќи ги надолжните ознаки на коловозот, односно надолжно обележана удвоена бела полна линија, со возилото свртел во лево, без претходно да се увери дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во сообраќајот или по имотот. Притоа, не водел сметка за положбата, правецот и за брзината на движењето на возилото, со што преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока и во него удрил мотоцикл „БМВ“ кој се движел по левата сообраќајна лента – велат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека од ударот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран.

– Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител на Судот му предложи да определи мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живелиште односно престојувалиште, обврска на осомничениот да се јавува повремено на одредено службено лице, привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница, како и одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање – се вели во соопштението.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk