Home » Историски успех на Словенија:„Не очекував дека ќе поминеме, горд сум на овој тим“

Историски успех на Словенија:„Не очекував дека ќе поминеме, горд сум на овој тим“

by Журнал.мк

Словенците постигнаа историски успех на Европското првенство во Германија.

Тимот на Матјаж Кек, синоќа играа нерешено со Англија (1:1) во групата Ц.

„Не очекував дека ќе поминеме. Сепак, со играта заслуживме да одиме понатаму. Игравме против Англија, еден од фаворитите на турнирот. Покажавме ментална сила. Ги анализиравме, но кога станавме пасивни имавме проблеми“, изјави селекторот на Словенија.

Тој рече дека е горд на својот тим и дека докажале дека заслужуваат место меѓу најдобрите состави на Европското првенство.

„Горд сум на овој тим. Ја видовте енергијата што играчите ја добиваат од нашите навивачи од првиот натпревар. Се радуваме на тоа, но од утре се враќаме на тренинзите, ќе се подготвуваме за следниот натпревар. Имавме тешка група, но имаме врвен тим. Мислам дека ова е почеток на нова и убава ера за словенечкиот фудбал“, рече Кек.

Словенците сè уште не го знаат името на противникот за осминафиналето, бидејќи групната фаза завршува вечерва.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More