Home » Истекува рокот за поднесување кандидатура за претседател на СДСМ

Истекува рокот за поднесување кандидатура за претседател на СДСМ

by Журнал.мк

Александар Бајдевски, актуелниот заменик министер во информатичко општество и администрација е петата личност со лидерски афинитети во СДСМ, останатите четири конкуренти во траката за лидер на партијата се Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски како и Златко Ристовски, за него единствено е познато само дека е партиски активист од Битола.

Бајдевски ветува реформирање на партијата и квалитетна опозиција, доколку биде избран за прв човек на СДСМ. Филипче најави дека влегува сам во трката, а тимот би го формирал доколку стане претседател на партијата, Петровска пак не сака кавги, но вели мора да има силно СДСМ за силна опозиција, која е здрава за демократијата, а Деспотовски убедува дека неговата програма обединува.

Досегашниот потпретседател Фатмир Битиќи на последниот ден од поднесувањето на кандидатурите, напиша дека нема амбиции да биде прв човек на партијата, но повика на единство.

– Фактот што во последните 3 години ја извршував функцијата потпретседател на СДСМ не ме фаворизира. Јас како Фатмир не сум најсилната алка ниту во СДСМ ниту во нашето општество, но јас, како дел од ТИМОТ кој ги живее сите претходно-спомнати вредности, сум еден од тие кои смета дека нашата партија за скоро време може да се врати на победничките патеки. Во овој изборен период нема да се кандидирам за претседател на СДСМ, а тоа го правам за да ја спречам понатамошната фрагментација и поларизација меѓу нашето членство, пишува меѓу другото Фатмир Битиќи.

Внатре партиските избори треба да се одржат за три недели на 30 јуни а до тогаш кандидатите треба да го уверат активното членство кое има право на глас, во своите програми за развој на партијата во следните четири години.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk