Мухарем Сербезовски станал член на Босанското академско друштво во Австрија.
Сербезовски е истакнат слободен уметник, писател и магистер по право, со кариера долга повеќе од пет децении. Роден е во Скопје, но Мухарем е длабоко врзан за Босна и Херцеговина, особено за Сараево, кое често го нарекува своја „сродна душа“.
Неговото име е познато на територијата на поранешна Југославија, каде што се здоби со статус на еден од најпознатите пејачи, чија музика инспирирана од ромските и ориенталните стилови остави неизбришлива трага на уметничката сцена. Првиот албум го издаде кога имаше само 12 години.
Покрај музичката кариера, Мухарем Сербезовски се истакнува и како писател и преведувач. Автор е на бројни романи, стручни дела и нефикционални дела, кои се преведени на осум јазици. Неговата исклучителна преведувачка работа, особено преводите на Куранот, Библијата и Стариот завет на ромски јазик, го прави клучен фактор во зачувувањето и развојот на ромскиот јазик и култура.
Како приврзаник на човековите права, особено на правата на националните малцинства, Мухарем е модел на борба за правда, еднаквост и културно разбирање. Неговите академски квалификации вклучуваат звања професор по верска педагогија и магистер по уставно право, што дополнително придонесува за културниот и академски развој.
„Неговото богато искуство, посветеност и визија значително ќе го збогатат нашето општество, а неговото членство во Босанското академско друштво во Австрија секако ќе придонесе за зајакнување на академските и културните врски меѓу Босна и Херцеговина и Австрија. Се радуваме на идна соработка и заедничка работат на промоција на босанската култура и традиции“, велат од Босанското академско друштво во Австрија.