Home » ISS повторно избегна руски вселенски отпад

ISS повторно избегна руски вселенски отпад

by Журнал.мк

Меѓународната вселенска станица повторно мораше да изврши маневри за да избегне орбитален вселенски отпад што произлегува од неодамнешното тестирање на руското антисателитско оружје.

Маневарот беше изведен на 16 јуни, со цел да се избегнат остатоците од уништениот сателит Космос 1408 од советската ера. Руската вселенска агенција Роскосмос го искористи своето товарно летало Прогрес 81 кое е споено со ISS за да ја премести целата орбитална лабораторија од патеката на парче вселенски отпад од Космос 1408.

Роскосмос исто така објави видео од маневрот на социјалните мрежи, прикажувајќи го активирањето Прогрес 81 за потребите на поместување на ISS. Токму ISS е во центарот на тензиите меѓу Русија и САД од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари.

Шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, во март изјави дека ISS може да падне поради западните санкции.

Потиснувачите на Прогрес 81 беа активни 4 минути и 34 секунди за да ја поместат ISS од траекторијата на вселенски отпад. Подоцна Рогозин рече дека „изведен е непланиран маневар за да се спречи опасното приближување на фрагментот“.

Од друга страна, американската вселенска агенција НАСА објави дека маневрот бил превентивна мерка.

„Екипажот не беше во опасност, ниту маневрот влијаеше на работата на станицата. Дури и без маневар, се предвидуваше дека фрагментот ќе ја помине станицата на растојание од нешто помалку од еден километар“, се вели во соопштението.

Сепак, вселенскиот отпад е се поголем проблем бидејќи количината се зголемува со забрзаното темпо на лансирање што ги врши SpaceX за потребите на својата мрежа Starlink, но и на други компании.

Кога сателитот Космос-1408 беше уништен на 15 ноември 2021 година, беа генерирани околу 1.500 парчиња вселенски отпад. Астронаутите нашле засолниште во одредени делови на ISS во тоа време поради загриженоста дека остатоците може да ја оштетат станицата. Експертите тогаш предупредија дека вселенскиот отпад може да претставува закана за ISS во годините што доаѓаат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More