Home » Испративме тешка, дочекуваме неизвесна година, бизнисмените и економистите не се големи оптимисти

Испративме тешка, дочекуваме неизвесна година, бизнисмените и економистите не се големи оптимисти

by Журнал

Испративме тешка, дочекуваме неизвесна година. Бизнисмените и економистите не се големи оптимисти за 2024-та.

Оценка за 2023-та е дека стоело речиси се – отсуствувал развој на стопанството, но отсуствувале и реформи. Минатата година само се гаснеа пожари – и на економски и на социјален план.

Во 2024-та остануваат истите предизвици – борба со корупцијата со неликвидноста и со нелојалната конкуренција, борба за поголема продуктивност и за забрзан развој. Сепак, главен предизвик и натаму ќе биде инфлацијата, растот на цените е делумно подзапрен но остануваат истите ризици, пред се поради несигурноста кај енергенсите.

Бизнисмените во новата година влегуваат со несигурност и претпазливост, но сепак и со надеж дека државата конечно ќе ги има слух за нивните барања.

2024-та почнува со нова проекција за раст од 3.4%, инфлација од 3.6%, со нови ветувања од власта дека конечно ќе биде подобро, но и со старите предизвици.

Желбите за 2023-та во најголем дел се неостварени, па остануваат за 2024-та – подобра инфраструктура, поажурна администрација, повеќе кредити за фирмите, повисок стандард за граѓаните.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More