Home » Исплатени директни плаќања за производство на домашен лозов и овошен саден материјал

Исплатени директни плаќања за производство на домашен лозов и овошен саден материјал

by Журнал.мк

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата за произведен домашен лозов и овошен саден материјал по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството.

Исплатени се 8 правни лица со сума од 55.703.770,00 денари.

Исплатата е извршена на правните лица запишани во Регистарот на снабдувачи за саден материјал кои имаат произведено и продадено лозов и овошен саден материјал во 2023 година и имаат добиено сертификат за конечно сертифициран саден материјал.

Висината на директните плаќања изнесува 30 денари по лозов и 35 денари по овошен садник.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk