Home » Исплата на платите до петти наместо до петнаесети, бара Левица

Исплата на платите до петти наместо до петнаесети, бара Левица

by Журнал.мк

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица и портпаролот на партијата, Амар Мециновќ, обзнани дека пратениците од Левица поднеле предлог во Собранието за измена на Законот за работи односи со цел исплата на платите до петти во месецот, наместо до петнаести – како што е сега.

„Предлог-законот доаѓа како резултат на реалната економска состојба на работниците во Македонија и има за цел да обезбеди навремена и правична исплата на платите. Да обезбеди финансиска сигурност на работниците, бидејќи во многу домаќинства платата е единствениот доход на семејствата, а моменталната пракса на исплата на платите до петнаести во месецот, предизвикува финансиска нестабилност и задоцнети плаќања на режиските трошоци“ – кажа пратеникот Мециновиќ.

„Поради доцнењето на платите, многу работници се принудени да земаат брзи кредити, дозволени минуси, позајмици со високи камати и ова, дополнително ја влошува нивната финансиска состојба.Понатаму, оваа измена е и со цел на намалување на економската нееднаквост – има работници коишто платата ја добиваат на почетокот на месецот, додека мноштвото ги добива платите дури на петнаести“ – објасни тој посочувајќи ги главните причини за потребноста на оваа измена.

„Оваа измена е согласно европските стандарди – во многу држави, платите се исплаќаат веќе до крајот на тековниот месец и максимално до првите денови на наредниот месец“ – нагласи пратеникот од Левица.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk