Home » Искроено краткорочно и долгорочно решение за срушениот потпорен ѕид кај Детската клиника

Искроено краткорочно и долгорочно решение за срушениот потпорен ѕид кај Детската клиника

by Журнал.мк

Министерството за здравство да ја поправи оградата, а Град Скопје и Општина Центар да се координираат за средување на проблемот со подземните води, кои се веќе површински, ама само на улицата Белградска. Овие одлуки произлегоа од денешниот координативен состанок во врска за срушениот потпорниот ѕид на оградата кај Детската клиника на Клиничкиот центар.

На долгорочно ниво, проблемот е многу посериозен и поголем оти станува збор за целосно зафаќање на подземните води од Водно, зашто дел од каналската мрежа била изградена во 50-тите години на минатиот век. Дел од неа се одржува, а дел е уништена.

Во меѓувреме, останува енигма оти МЗ не беа присутнии на состанокот.

Ве информираме дека секторот во Министерството за здравство воопшто не е запознаен дека денеска имало состанок, ниту пак, некој од секторот бил поканет да присуствува. Исто така, не е пристигната ниту покана до заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева за денешниот координативен состанок во однос на потпорниот ѕид на територијата на Клиничкиот центар во Скопје, велат од здравство за сител

Додека надлежните се договорат од кога да почнат да интервенираат на терен, граѓаните стравуваат за својот живот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More