Home » Искра Гешоска го прими Гете-медалот за 2024 година

Искра Гешоска го прими Гете-медалот за 2024 година

by Журнал.мк

Искра Гешоска, менаџерка во културата, вчера на свеченост во германскиот град Вајмар го прими Гете-медалот за 2024 година. Ова се смета за најважна награда во надворешната културна политика на Германија. Заедно со Гешоска, наградата ја добија уште две борбени жени – театарската менаџерка Кармен Ромеро Керо од Чиле и книжевната преведувачка Клаудија Кабрера од Мексико.

Сите три добитнички на награди ги обединува нивното безусловно верување во моќта на културата да го промени општеството. Тие „не дозволуваат да бидат обесхрабрени од контраветровите и пречките“, вели Карола Ленц, претседателка на Гете-институтот, во интервју за „Дојче веле“.

Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната културна политика.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More