Home » Искористеноста на обновливите извори на енергија е минимална

Искористеноста на обновливите извори на енергија е минимална

by Журнал.мк

И покрај големите потенцијали за развој на обновливите извори на енергија, со кои располага Македонија истите се се уште многу малку искористени. Според нив земјава во моментот има само 0.1 % искристеност на обновливите извори и покрај зголемената изградба на вакви капацитети, последните две години.

„Немаме потреба да правиме нуклеарни централи, немаме потреба повторно да се враќаме на оние системи на фосилни горива. Доволно е да ја синхронизираме енергијата од обновливи извори, ветар, сонце, вода, био енергија и сите тие да работат во една компактна целина. Ние со години и децении увезуваме 30-40% енергија, што сега имаме револуционерен период што целиот тој однос можеме да го промениме во наша корист и да бидеме извозници на електрична енергија“, рече Зоран Митрески-ескперт за енергетика.

Митрески вели дека за да се случи тоа, државата треба уште повеќе да ги поедностави процедурите за поставување на фотоволтаици, за мали потрошувачи, односно физички лица, и да им се дозволи инсталирање на што е можно повеќе енергија, како и надоградување на електричната мрежа. Во тој случај Македонија може да биде лидер во регионот.

„Во Македонија 10% од енергијата е генерирана од хидроцентралите. Најголем дел е од термоцентралните засега, што е многу неповолно. Ние мора да преминеме на обновливи извори и на атомска енергија, доколку сакаме долготрајно решение“, нагласи Зоран Митрески-ескперт за енергетика.

Дали енергетскиот систем би се развивал или стагнирал, тоа зависи најмногу од функционерите кои ја водат државата, бидејки поединечно граѓаните неможат многу да направат, сметаат скепртите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More