Исчезнатиот Миле Тодоров по кој се трага уште од јануари месец бил виден кај планината Серта објави неговата сестра на социјалните мрежи.
-По сознанија од очевидец, брат ми Миле Тодоров, кој исчезна на 30 јануари годинава е виден како се движи покрај планината Серта. Доста бил ослабнат и со подолга коса и брада, објави на Фејсбук Марија Атанасиевиќ, сестрата на исчезнатиот Тодоров.
Таа апелира дека ако некој се движи натака и ако повторно го види веднаш да се јави во полиција.