Полицијата во Загреб трага по седумгодишната Глорија Вајдерер, девојче со двојно хрватско-германско државјанство, која последен пат била видена вчера во областа Јанкомир. После тоа и се губи секаква трага.
Глорија е родена во Минхен, Германија, има средна градба, висока е околу 130 сантиметри, има кафена коса и кафени очи.
Во моментот на нејзиното исчезнување таа носеше розова маица, темно сини фармерки и розови тениски чевли.
Околностите на исчезнувањето имаат посебна димензија бидејќи постои сомнеж за повреда на судската одлука.
Неофицијално се дознава дека девојчето исчезнало откако се сретнало со еден од родителите, кој потоа наводно не му го вратил на другиот родител, како што било пропишано, објави „Јутарњи“.
Полицијата ги повикува граѓаните доколку имаат информации за исчезнатото девојче да ја известат најблиската полициска станица или да се јават на бројот 192.
Информации може да се достават и на е-маил адресата: nestali@nestali.hr.