Home » Исчезна ајатолахот Хамнеи – иранската јавност загрижена

Исчезна ајатолахот Хамнеи – иранската јавност загрижена

by Журнал.мк

Иранските власти и јавноста се сè повеќе загрижени за отсуството на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој не се појави јавно ниту даде никакви соопштенија речиси една недела, иако конфликтот со Израел оттогаш е запрен со прекин на огнот.

Како што пишува денес „Њујорк тајмс“, Хамнеи наводно бил преместен на непозната локација кога избувнале судирите меѓу Иран и Израел на 13 јуни, и се верува дека тој сè уште се крие поради стравот дека израелските безбедносни служби би можеле да се обидат да го елиминираат дури и за време на примирјето.

Сепак, властите не објавија никакви официјални информации за неговата здравствена состојба или дали тој сè уште активно учествува во донесувањето одлуки во државата.

Кога беше прашан за отсуството на Хамнеи, неговиот близок помошник и раководител на архивата на врховниот лидер, Мехди Фазели, рече дека луѓето одговорни за безбедноста на врховниот лидер си ја вршат работата добро, додавајќи дека „со Божја волја, народот наскоро ќе ја прослави победата со својот лидер“.

Американскиот весник истакнува дека нејавноста и отсуството на Хамнеи ги поттикнуваат внатрешните политички конфликти меѓу конзервативните и умерените фракции на владата во Техеран, кои се разидуваат околу следните чекори што Иран треба да ги преземе по деескалацијата со Израел.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk