Home » Ирмела и Јасмин беа неразделни – младиот брачен пар пронајден во прегратка под урнатините во Долна Јабланица

Ирмела и Јасмин беа неразделни – младиот брачен пар пронајден во прегратка под урнатините во Долна Јабланица

by Журнал.мк

Брачниот пар Ирмела и Јасмин Чилиќ беа пронајдени во прегратка под урнатините по разорниот одрон и поплави во Босна и Херцеговина. Живееја во Долна Јабланица, но не успеаја да побегнат од надојдената вода која во една ноќ однесе цела населба.

Заедницата во која живееја со тешко срце се простува од младиот брачен пар. Сите ги опишаа како луѓе кои секогаш биле подготвени за помош и секогаш биле на располагање за другите. Нивната љубов била инспирација за многумина, пренесува „Дневни аваз“.

Нивната смрт ги погоди жителите на Јабланица, а ширењето на гтрагичната вест ја потресе и цела БиХ.

„Тешко е да се опише тагата што ја чувствуваме. Ирмела и Јасмин беа неразделни. Нивната љубов беше позната на сите и можеби единствена утеха во овие моменти е таа што биле заедно до крај“, рече близок пријател на загинатиот брачен пар.

Покрај Ирмела и Јасмин Чилиќ, катастрофалните поплави во БиХ однесоа најмалку 20 човечки животи. Десетици се водат како исчезнати по кои се трага со машини, тешка механизација и кучиња-трагачи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk