Home » Ирански воен врв: Ќе одговориме решително на секоја агресија

Ирански воен врв: Ќе одговориме решително на секоја агресија

by Lina Muslija

Иранската армија порача дека секоја агресија од САД ќе биде соочена со јасен и силен одговор. Ова го истакна началникот на Генералштабот на Иран, генерал-мајор Амир Хатами. Според него, на сите досегашни напади бил даден соодветен одговор, а така ќе биде и во иднина.

Во своето видео-обраќање, Хатами ги повика командантите и војниците дисциплинирано да ги почитуваат наредбите на Централниот штаб и потенцираше дека армијата е уверена во својата победа.

Портпаролот на иранските вооружени сили, Ебрахим Золфаќари, истакна дека последните непријателски акции на САД го зголемија бројот на легитимни цели за иранската војска.

Г. Трамп, коцкару, можеби ќе ја започнете оваа војна, но ние ќе бидеме оние што ќе ја завршиме.

изјава на портпаролот на иранската војска

Американските сили во саботата навечер нападнаа три нуклеарни постројки во Иран. Во овие дејствија им се придружија на израелските сили, кои на 13 јуни почнаа напади врз нуклеарни и воени објекти во земјата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk