Home » Иранска амбасада во Либан: Денешниот израелски напад врз Бејрут е „сериозна ескалација што ги менува правилата на игра“

Иранска амбасада во Либан: Денешниот израелски напад врз Бејрут е „сериозна ескалација што ги менува правилата на игра“

by Журнал.мк

Иранската амбасада во Бејрут соопшти дека израелските напади врз јужните предградија на либанскиот главен град претставуваат „сериозна ескалација што ги менува правилата на играта“.

„Нема сомнеж дека ова злосторство и несовесно однесување претставува сериозна ескалација што ги менува правилата на игра, а сторителот на ова кривично дело ќе биде соодветно казнет“, се вели во соопштението на дипломатската мисија објавено на социјалната мрежа Х.

Либанското Министерство за здравство извести дека според првичните податоци загинале две лица, а 76 се повредени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk