Иранската државна телевизија наведува дека во вежбите учествуваат 11 ирански бродови, три руски брода, од кои еден разурнувач, како и два кинески брода.
Американските медиуми пренесуваат дека во поморските маневри е вклучена и Иранската револуционерна гарда со помали бродови и хеликоптери.
Вежбите, како што се наведува, ќе се одржат на површина од околу 17.000 квадратни километри на север од Индискиот Океан, а ќе опфаќаат ноќни борби, спасувачки операции и вежби за гаснење пожари.
Ова е трета заедничка вежба на трите земји.