Home » Иран погуби четворица наводни агенти на Мосад

Иран погуби четворица наводни агенти на Мосад

by Журнал

Официјалната државна новинска агенција на Иран објави дека четворицата мажи биле егзекутирани откако биле осудени за обид за саботажа на операции во фабрика за оружје во 2022 година. Операцијата наводно била организирана од израелската служба Мосад.

Иран погуби четворица мажи осудени за заговор за саботажа и за наводни врски со израелската разузнавачка агенција Мосад, објавија денеска државните медиуми, пренесува The Washington Post.

Иранската државна новинска агенција IRNA соопшти дека лицата биле осудени за планирање да нападнат фабрика во 2022 година што му припаѓала на иранското Министерство за одбрана, како и за вмешаност во ракетна и одбранбена опрема во централниот град Исфахан.

Егзекуциите на мажите, меѓу кои Мохамед Фарамарзи, Мохсен Мазлум, Вафа Азарбар и Пежман Фатехи, биле извршени откако Врховниот суд ги потврдил нивните казни, изречени од друг суд во септември.

Мосад, наводно, ја осмислил операцијата, а четворицата добиле обука во неименувана африканска земја пред да влезат во Иран, наведува IRNA.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More