Home » Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан

Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан

by Журнал.мк

Иран планира да ја запре илегалната имиграција од Авганистан. Затоа планира да изгради ѕид на границата, пишува Дојче веле.

Бетонскиот ѕид треба да биде долг 74 километри, висок четири метри, а дополнително ќе биде обезбеден со бодликава жица. Предвидено е да се гради на североистокот на Иран, каде што голем број луѓе илегално ја минуваат границата меѓу Иран и Авганистан.

Советот за национална безбедност стави на располагање околу три милијарди евра. Иранската армија треба да го обезбеди тој дел од границата во следните три години. Според иранска државна новинска агенција, задачата е логистички да се подготви ѕид со бодликава жица во провинциите Северен Хорасан, Разави Хорасан и Јужен Хорасан.

Границата на Иран со Авганистан е долга 950 километри. Во дел таа поминува низ непроодни планини и е тешко достапна. Луѓето од Авганистан бегаат од четириесетгодишната војна, сиромаштијата и (сегашните) талибански власти.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More