24 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

iPhone 5G уредите ќе имаат 5nm чипсет и Qualcomm X55 модем

Најчитани вести

Иако многу производители на Android уреди ги објавија своите телефони со 5G поддршка, Apple одлучи годинашните iPhone модели да ги задржи на 4G мрежата. Сепак, оваа состојба може да се промени во текот на следната година.

Извештај од Јапонија сугерира дека iPhone уредите во 2020. година ќе го имплементираат најнапредниот процес на производство во 5 nm, заедно со 5G модемите. Сепак, можно е да има проблем со снабдувањето со X55 модеми, бидејќи сите ќе сакаат да ги користат во текот на 2020. година.

А14 чипсетот ќе дебитира во 5G iPhone уредите следната година, а процесорот во 5 нанометарски процес ќе го произведува тајванската компанија TSMC. Само Apple и Huawei во моментов имаат планови во 2020. година да се преселат на 5nm процес.

Се очекува дека барем два од трите нови iPhone модели ќе користат флексибилни OLED дисплеи, што значи дека најверојатно ќе бидат закривени (но не и свитливи). Покрај ова, постои референца за имплементација на 3Д-камерата на задниот дел, која ќе се користи за AR.

извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести