17.8 C
Skopje
Thursday, August 18, 2022

iPhone 14 Pro моделите ќе имаат поголем камера модул и сензор од 48MP

Најчитани вести

Кога станува збор за камерите кај iPhone моделите, Apple досега не се расфрлаше со големи сензори. Најмоќниот модел од актуелната серија, iPhone 13 Pro Max, всушност користи сензор од 12 MP за главната камера.

Сепак, според аналитичарот Минг-Чи Куо, Apple ќе ја зголеми резолуцијата на 48MP кај iPhone 14 Pro и Pro Max уредите. Како резултат на тоа, испакнатоста на камера модулот на задната страна може да биде поголем.https://platform.twitter.com/embed/Tweet.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&features=eyJ0Zndfc2tlbGV0b25fbG9hZGluZ18xMzM5OCI6eyJidWNrZXQiOiJjdGEiLCJ2ZXJzaW9uIjpudWxsfSwidGZ3X3NwYWNlX2NhcmQiOnsiYnVja2V0Ijoib2ZmIiwidmVyc2lvbiI6bnVsbH0sInRmd19ob3Jpem9uX3R3ZWV0X2VtYmVkXzk1NTUiOnsiYnVja2V0IjoiaHRlIiwidmVyc2lvbiI6bnVsbH0sInRmd19zZW5zaXRpdmVfbWVkaWFfaW50ZXJzdGl0aWFsXzEzOTYzIjp7ImJ1Y2tldCI6ImNvbnRyb2wiLCJ2ZXJzaW9uIjo0fSwidGZ3X2V4cGVyaW1lbnRzX2Nvb2tpZV9leHBpcmF0aW9uIjp7ImJ1Y2tldCI6MTIwOTYwMCwidmVyc2lvbiI6bnVsbH19&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1508106065451581450&lang=en&origin=https%3A%2F%2Finfo.mk%2Ftehnologija%2Fiphone-14-pro-%25D0%25BC%25D0%25BE%25D0%25B4%25D0%25B5%25D0%25BB%25D0%25B8%25D1%2582%25D0%25B5-%25D1%259C%25D0%25B5-%25D0%25B8%25D0%25BC%25D0%25B0%25D0%25B0%25D1%2582-%25D0%25BF%25D0%25BE%25D0%25B3%25D0%25BE%25D0%25BB%25D0%25B5%25D0%25BC-%25D0%25BA%25D0%25B0%25D0%25BC%25D0%25B5%25D1%2580%25D0%25B0-%25D0%25BC%25D0%25BE%2F&sessionId=a767c7c73f74ef2e8f52a87201ce9a8a31bff2b1&theme=light&widgetsVersion=2582c61%3A1645036219416&width=500px

Ова е значително зголемување во однос на сегашните сензори од 12 MP, кои се достапни кај  iPhone 13 серијата, а останува да се види колку тоа ќе влијае за зголемување на квалитетот на фотографиите и видеата.

Снимањето во висока резолуција ќе им значи најмногу на професионалците кога не сакаат да изгубат детали во фотографиите. Поради фактот што социјалните мрежи во голема мера ги компресираат фотографиите, обичните корисници понекогаш не можат ни да го искористат целосниот потенцијал на камерите од 108 MP, кои моментно се актуелни.

Apple засега ништо официјално не најави па информациите за зголемување на камерите на iPhone 14 линијата треба да се земат со доза на резерва.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com