16.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

iPhone 14 е значително поскап во Европа, но тоа не е единствениот проблем

Најчитани вести

Многумина се израдуваа кога Apple ги објави цените за серијата iPhone 14. Тоа е исто како и минатогодишната линија на iPhone 13 и почетната цена е 799 долари за iPhone 14 и 899 долари за iPhone 14 Plus. Моделите iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max имаат почетни цени од 999 и 1099 долари.

Сепак, споменатите цени важат само за американскиот пазар, додека состојбата со цените е значително различна на европскиот пазар. Овогодинешните модели се значително поскапи од минатогодишните.

Така, iPhone 14 во Германија чини 1.000 евра, iPhone 14 Plus има цена од 1.149 евра, моделот iPhone 14 Pro чини 1.299 евра, додека iPhone 14 Pro Max чини 1.449 долари.

На оваа цена секако влијаеше инфлацијата, но и јакнењето на доларот во однос на другите валути. Сепак, приказната не завршува тука.

Споменатата ситуација не ја заобиколи ниту претходната генерација на iPhone. Иако iPhone 13 и iPhone 13 mini добија соодветен пад на цената во Америка, тоа не се случи во Европа.

За прв пат во историјата на Apple цените остануваат исти, па iPhone 13 ќе чини 899 евра, додека цената за iPhone 13 mini е 799 евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com