iPhone добива сензор за отпечатоци на прсти под екранот – за две години

0
1

Apple до 2021-ва година на своите iPhone модели планира да воведе нов Touch ID систем со сензор за отпечатоци на прсти сместен под дисплејот, стои во извештајот на познатиот инсајдер Минг-Чи Куо.

Оваа технологија наводно ќе биде во синхронизација со Face ID системот за препознавање на лице, па така со овие две методи, безбедноста на уредот ќе биде на највисоко можно ниво, пренесува “The Verge”.

Сензорите за отпечатоци на прсти од неодамна се појавија на пазарот, а речиси сите под најновите генерации на паметни телефони веќе имаат сензор за отпечатоци на прсти сместен под самиот екран.

Наводно од Apple работеле на својот модел на „внатрешен“ Touch ID систем уште од 2017-та година, но се уште таа технологија не е имплементирана ниту кај последната генерација на iPhone.

Куо тврди дека некои од основните потешкотии на внатрешните сензори за отпечатоци на прсти, како што е големата потрошувачка на енергија, технолошките гиганти ќе ја надминат до 2021-ва година. Тој тврди дека Apple најверојатно ќе користи ултразвучно решение за откривање на отпечатоците на прстите, нешто слично на Qualcomm.

Иако предвидувањата на Куо во врска со технологиите на Apple досега се покажаа како воглавно точни, постои можност Apple да ги промени своите планови и Touch ID технологијата сепак да не пристигне оваа, или пак следната година.