Според информациите од Марк Гурман од минатиот месец, Apple треба денес да ја пушти iOS 18.2 верзијата, односно и iPadOS 18.2, како и macOS 15.2. Оваа верзија може да се каже дека е доста важна за компанијата поради тоа што ги донесува повеќето најавени Apple Intelligence функции, па ќе остане само поголемото подобрување на Siri идната година.
Сепак, изгледа пуштањето на овие верзии нема да се случи денес, па тоа може да се очекува идната недела, односно идниот понеделник на 9 декември.
Како доказ за истото се смета тоа што се’ уште не е пуштена „Release Candidate“ верзијата од системите, нешто што секогаш претходи пред пуштањето на финалната верзија.
Денес се очекува пуштањето на RC верзијата, па ако тоа се случи може да се смета како потврда за пуштањето на финалната идниот понеделник.