6.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаИнтервју за ТВ Тера – Коњановски: Драгор, сообраќајот и јавната безбедност како...

Интервју за ТВ Тера – Коњановски: Драгор, сообраќајот и јавната безбедност како приоритети

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕТони Коњановски, во гостување на ТВ Тера ги претстави клучните приоритети за следниот четиригодишен мандат, со акцент на уредување на коритото на реката Драгор, подобрување на сообраќајната инфраструктура и јакнење на јавната безбедност.

„Битола заслужува современ градски лик — безбеден сообраќај, уредени мостови и чист, прооден кеј на Драгор за сите граѓани,“ изјави Коњановски.

Во делот на урбанизмот и животната средина, тој најави уредување на Драгор „со нови пешачки и велосипедски патеки и реконструкција на мостовите, за целосно поврзување на квартовите и повеќе јавен простор покрај реката.“

Паралелно, најави и инфраструктурни зафати на влезовите во градот за побезбедно и пофункционално движење, како и унапредување на јавните служби, меѓу кои и противпожарната служба, „за брза и ефикасна реакција во кризни ситуации.“

„Ќе инвестираме таму каде што ефектот се чувствува веднаш — на улиците, мостовите и зелените површини. Тоа е нашата мерлива обврска кон Битола,“ додаде Коњановски.

Локалните избори се закажани за октомври, а кампањата во Битола ќе продолжи со претставување на поединечни капитални проекти и временски рамки за нивна реализација, најави кандидатот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img