Интер иако важеше за благ фаворит во битката со Милан не успеа тоа да го потврди на теренот и загуби со 3-0 во реванш средбата од полуфиналето во Купот на Италија.
„Нероаѕурите“ како домаќините претрпеа пораз од 3-0 и со вкупни 4-1 го загубија овој двомеч од градскиот ривал. Со ова заврши сонот за „триплета“ на Интер, повторување на историскиот успех од 2010 година кога екипата ја водеше Жозе Мурињо, состав од кој дел беше и нашиот Горан Пандев.
Ова воедно значи дека сега само два тима остануваат во игра да дојдат до тројната круна, а тоа се Барселона и Пари Сен Жермен.