28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Intel Core i9-11900K покажува подобрени перформанси на бенчмарк

Најчитани вести

Досега веќе се појави еден бенчмарк на Intel Core i9-11900K, но најновиот тест покажува подобрени перформанси. На новиот Geekbench 5 тест, Core i9-11900K постигна над 1900 поени во single-core бенчмарк и 11 000 поени во multi-core бенчмарк.

Со максимални резултати од 1905 и 11.048 поени, Intel Core i9-11900K со осум јадра и 16 нишки го надминува неговиот претходник за околу 35 проценти во single-core тест и постигнува слични резултати во multi-core тестот, иако има две јадра и четири нишки помалку.

Core i9 процесорот од овие тестови работеше во комбинација со Gigabyte Z490 Aorus Master матичната плоча и 32 GB DDR4-3600 меморија. Не е познато дали процесорот е оверклокуван или не, но за време на тестовите постигна +5,2 GHz, со неколку падови на работните фреквенции.

На Geekbench 5 single-core тестот, процесорот на Intel го надмина најбрзиот AMD Ryzen процесор (Ryzen 9 5950X) за околу 13 проценти, но сепак заостанува во повеќе-јадрениот тест поради помалиот број на јадра и нишки. Во повеќејадрениот тест, AMD Ryzen 9 5950X постигна за околу 52 проценти подобар резултат од Intel Core i9-11900K.

Во овој момент, Intel се очекува да ја објави својата 11-та генерација Core серија процесори Core во текот на март годинава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести