15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Intel ја објави првата U-серија процесори способна за 5GHz брзини

Најчитани вести

Intel во текот на виртуелниот настан Computex 2021 објави нови процесори во рамките на својата платформа Tiger Lake, а во прашање е U-серијата наменета за тенки и лесни лаптопи.

Најпрвин, тука е новиот Intel Core i7-1195G7, кој е прв процесор на Intel од U серијата, кој може да се пофали со брзини до 5GHz. Според компанијата, ова е првиот индустриски процесор од 5GHz за тенки и лесни лаптопи.

Ова претставува boost такт за едно јадро со Intel Turbo Boost Max, додека максималниот турбо boost за сите јадра е до 4,6GHz. Покрај тоа, интегрираниот Iris Xe графички процесор нуди малку поголем boost работен такт, до 1,4GHz.

Другиот нов процесор е Core i5-1155G7, кој сега претставува најбрз Core i5 модел од U- серијата. Процесорот нуди boost такт до 4,5 GHz за едно CPU јадро, и до 4,3 GHz за сите јадра. Графичкиот процесор има boost такт до 1,35GHz.

Се очекува дека ќе видиме над 60 нови дизајни на лаптопи со двата споменати процесори, а првите производители кои во текот на летото ќе ги објават своите модели се Acer, Lenovo, MSI и Asus.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести