17.8 C
Skopje
Monday, August 15, 2022

„Intel“ сепак одлучи да ги зголеми цените на своите процесори

Најчитани вести

Пред извесно време се појави вест дека Интел планира да ги зголеми цените на своите производи како резултат на ефектите од глобалната инфлација. Постоечката пресметка на цената на чинење е неодржлива бидејќи се зголемени трошоците за: енергија, суровини и работна сила, а сето тоа се совпадна со проблемот со прекумерната понуда и големите залихи, што ќе влијае на цената на различните видови чипови и процесори од понудата на оваа компанија. .

Гласините говорат дека Интел веќе „напумпа“ дополнителни трошоци во постоечките цени за да ги надомести зголемените тековни трошоци, надевајќи се дека ќе ги принуди добавувачите на компјутери да ги зголемат нарачките и да купат повеќе процесори и чипови за Wi-Fi пред официјалното зголемување на цената. Многу „мудар“ начин да се ослободите од тековниот вишок залихи во магацинот.

Неодамнешните извештаи за катастрофално лоши деловни резултати во последниот квартал само го забрзаа темпото на покачување на цените за процесорите и другите производи на Интел. Финансискиот директор на компанијата Интел, Дејвид Зинснер, официјално ја потврди оваа вест, кој најави дека поскапувањето ќе започне во делот од сезоната кога има најголема побарувачка, односно почнувајќи од ноември, божиќните и новогодишните празници.

Како веста за поскапувањето да не е веќе доволно лоша за тенките паричници на крајните корисници, Зинснер додаде дека производите на клиентите ќе станат поскапи од производите наменети за центри за податоци и производи за вештачка интелигенција. Интел во тој период ќе има добра понуда на актуелни производи, со доволни количини, што според нив ќе биде вин-вин комбинација за излез од актуелната криза и загуби.

Интел планира да ја претстави Core серијата процесори од 13-та генерација под името Raptor Lake во четвртиот квартал од оваа година до првиот квартал од следната година, со сеопфатно подобрување на карактеристиките на десктоп и мобилните платформи. Кога овие процесори официјално ќе бидат претставени на пазарот, потрошувачите ќе го почувствуваат зголемувањето на цените на процесорот, што ќе биде пропорционално поскапо во споредба со истите и слични производи од претходната генерација. Според информациите на expreview, поскапувањето на Intel овој пат ќе изнесува околу 10% до 20%!

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com