20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Intel подготвува нови Alder Lake-S процесори за третиот квартал

Најчитани вести

Се појави новиот план за објава на процесори на Intel, кој ни дава увид во она што можеме да го очекуваме од компанијата во следните месеци. Се очекува дека Intel Alder Lake-S ќе пристигне нешто порано од очекуваното, а мапата покажува планови за објава во текот на третиот квартал.

Roadmap планот е објавен од дојавувачот @9550pro и се однесува на производите на Intel за работни станици, поделени во Expert WS, Mainstream WS и Entry WS секциите. Се укажува на објавата на Alder Lake платформата за работни станици во текот на третиот квартал 2021. година.

Платформата вклучува Intel W680 чипсет, 125W (K процесори), 65W и 35W процесори со до 16 јадра, 20 PCIe линии и користи LGA1700 подножје. Исто така, се споменуваат 8+8 SKU, како и 6+0 SKU, кои пристигнуваат подоцна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести