20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Intel официјално ја претстави 11. генерација Core процесори

Најчитани вести

Intel ја објави својата 11. генерација Core S серија процесори (кодно име Rocket Lake-S), која ја предводи премиум моделот Intel Core i9-11900K.

Новите процесори се засновани на новата Cypress Cove архитектура на јадрата, а се дизајнирани да ја трансформираат хардверската и софтверска ефикасност и да ги зголемат сировите гејминг перформанси.

Со брзина до 5,30GHz со Intel Thermal Velocity Boost, Intel Core i9-11900K обезбедува уште подобри перформанси за гејмерите и компјутерските ентузијасти. Процесорот има осум јадра и 16 thread-ови, заедно со 16MB Intel Smart Cache. Отклучениот Intel Core десктоп процесор од 11. генерација поддржува брзини на меморијата до DDR4-3200. Цената на најсилниот модел во линијата изнесува 539 долари.

Подобрувањата на оваа генерација Intel процесори вклучуваат:

  • До 19 проценти подобрувања во IPC перформансите на генерациско ниво.
  • Do 50 отсто подобри интегрирани графички перформанси со Intel UHD графика со Intel Xe GPU архитектура.
  • Intel Deep Learning Boost и Vector Neural Network Instructions поддршка за подобрување на AI перформансите и deep learning.
  • Напредни алактки за оверклокување и функции за оверклокување и подесување на перформансите и искуството.

Новите процесори имплементираат нови алатки за оверклокување за да се постигнат поголеми брзини и супериорни гејминг перформанси. Оваа генерација на CPU нуди оверклокување на меморијата во реално време, поддршка за H570 и B560 чипсети, Advanced Vector Extensions (AVX) 2 и AVX-512, нов интегриран мемориски контролер и Gear 2 поддршка.

На крајот, тука е и поддршката за 20 PCIe 4.0 линиите, Intel Quick Sync Video, 10-bit AV1/12bit кодирање и декодирање, Integrated HDMI 2.0, HBR3, Thunderbolt 4 и Intel Wi-Fi 6E.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести