-9.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Instagram ќе бара од корисниците потврда за датумот на раѓање

Најчитани вести

Социјалната мрежа Instagram ќе почне од своите корисници да бара потврда за датумот на раѓање, како дел од напорите да се создадат нови безбедносни функции за младите луѓе.

Instagram во објавеното соопштението вели дека ќе ги користи тие информации за да обезбеди безбедна употреба на мрежата за младите луѓе, пренесува Reuters.

Минатиот месец компанијата соопшти дека корисниците на возраст под 16 години кога ќе се приклучат на платформата автоматски ќе ги префрли на приватна сметка.

Кога ќе отворат профил на оваа апликација, од корисниците ќе биде побарано да го внесат својот датум на раѓање и потоа ќе добијат неколку предупредувања доколку не го сторат тоа.

„Во одреден момент корисниците ќе мора да внесат датум на раѓање за да продолжат да ја користат апликацијата“, велат од компанијата.

Како што е наведено, овие промени ќе влијаат само на корисниците кои претходно не го одредиле датумот на раѓање.

Додаваат дека се свесни дека некои корисници би можеле да внесат лажен датум, но исто така велат дека веќе развиваат нова технологија за решавање на ваквите проблеми, пренесува Танјуг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com