15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Instagram наскоро ќе овозможи одговарање на Stories преку гласовни пораки

Најчитани вести

Instagram активно работи на можноста за одговарање на гласовни пораки на сторињата на корисниците на оваа социјална мрежа.

Instagram неодамна воведе приватни лајкови како дополнителен начин за интеракција со сторињата и се чини дека наскоро ќе додаде уште еден начин за одговор на сторињата објавени од пријателите на корисниците.

Програмерот Алесандро Палуци најде докази дека Instagram навистина работи на воведување опција која ќе им овозможи на корисниците да одговорат на стори преку гласовни пораки и објави скриншот од новата функција за интерфејсот на неговиот профил.

Засега нема официјална потврда, бидејќи според својата политика, Instagram секогаш работи на нови можности зад сцената додека тие не бидат пласирани до корисниците.

Бидејќи Instagram воведе приватни лајкови за сторињата, беше објавено дека целта е да се намали метежот во сандачето. Опцијата за испраќање гласовни пораки е во спротивност со таа филозофија, но може да ја олесни активноста што веќе постои во апликацијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com