21.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Instagram започнува со тестирање за криење на лајковите

Најчитани вести

Веќе некое време, Instagram спроведува тестови за сoкривање на бројот на лајкови на постовите во седум земји ширум светот. Тоа се Канада, Ирска, Италија, Јапонија, Бразил, Австралија и Нов Зеланд. Сега се подготвува тој тест да се прошири и на еден од најважните и најголемите пазари, бидејќи извршниот директор на компанијата, Адам Мосери најави дека од денес овој тест ќе биде лансиран и во САД.

Што тоа суштински значи за корисниците на Instagram? Тие нема да бидат во можност да видат на јавните постови колку лајкови добил секој пост. Сепак, овие лајкови ќе бидат скриени само за објавите на другите корисници. На сопствените објави, корисниците ќе можат да видат колку лајкови добиле.

Инаку, и компанијата Facebook, во чија сопственост е Instagram, исто така го тестира криењето на лајковите, а засега тој тест се спроведува во Австралија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести