Home » Инспектори во училиштето во кое деца во воени униформи на УЧК и со пушки учествуваа на приредба

Инспектори во училиштето во кое деца во воени униформи на УЧК и со пушки учествуваа на приредба

by Журнал.мк

Државниот просветен инспекторат денеска ќе изврши вонреден надзор во основното училиште „7 Март“ во тетовско Челопек, потврди директорот на Инспекторатот, Шабан Ајалбегу.

Инспекторите на терен треба да утврдат одговорност за организирањето училишна приредба во која учествуваат ученици облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и со пушки во рацете.

За настанот вчера реагираше и министерката за образование и наука Весна Јаневска која на Фејсбук напиша дека е „длабоко разочарана и вознемирена“ од одлуката на раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек да ја организираат приредбата, но и од одобрувањето на родителите на учениците „кои ракоплескаа на сето тоа“.

-Ваквиот чин не само што педагошки е неисправен, туку е и нечовечен, неетички, неморален и законски казнив, напиша, меѓу другото, Јаневска и најави дека покрај „соодветна постапка против училиштето“, инспекторите ќе постапат и во други две училишта за кои добила информации дека имало „слични активности“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk